Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРИЕВСКИ И СОПРУГАТА СЕ ТЕСТИРАЛЕ: Тестовите се негативни

ДИМИТРИЕВСКИ И СОПРУГАТА СЕ ТЕСТИРАЛЕ:  Тестовите се негативни

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на Фејсбук информира дека вчера заедно со сопругата почитувајќи ги сите безбедносни протоколи и процедури направиле тестирање на Ковид 19 на сопствена сметка во неколку релевантни лаборатории во државата, воедно претходно имало тестирање од страна на ЦЈЗ Куманово на сите членови од неговото семејство.

„Сите тестови се негативни. Денеска од епидемиолошката служба при ЦЈЗ Куманово побарав да ги разгледа резултатите од тестирањата, по потреба да го повтори тестирањето и под ИТНО да достават барање за укинување на решенијата за самоизолација за мене и членовите на моето семејство и сите мои контакти посочени во епидемиолошка анкета. Се надевам дека моето барање ќе биде итно разгледано и реализирано во рамки на процедурите бидејќи покрај негативните тестови здравствената состојба на мене и семејството е добра и не постојат никакви симптоми ниту показатели на инфекција од Ковид 19 со цел да се вратам на секојдневните работни обврски и заедно со мојот тим во ОШЗС да продолжам со борбата против епидемијата во нашиот град и државата. Ги отфрлам сите обвинувања околу наводната мојата позитивност, анатемата мора да се тргне“, пишува тој. 

Посакува закрепнување на сите граѓани кои се заразени со коронавирусот. 

Премиерот Оливер Спасовски ќе се тестира за коронавирус откако се појави на прес-конференција со Димитриевски, а ден подоцна се дозна дека градоначалникот е позитивен. 

Слично

Поврзани вести