Димитриевски и Меџити се сретнаа, ВЛЕН ќе ја поддржи ЗНАМ во вториот круг во Куманово
Кандидатот за градоначалник, Максим Димитриевски и Изет Меџити се сретнаа, а ВЛЕН ќе ја поддржи ЗНАМ во вториот круг во Куманово.
Димитриевски објави фотографија на социјалните мрежи.
„Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и Пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово.. Благодарам на сите кои ја препознаваат и поддржуваат визијата за иднината на Куманово и Македонија“, напиша Димитриевски.
Димитриевски во вториот круг влезе заедно со Горан Стојковски-Диро, независен кандидат.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
