Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРИЕВСКИ: Едноставно без ЗНАМ, Влада ќе нема во државата

ДИМИТРИЕВСКИ: Едноставно без ЗНАМ, Влада ќе нема во државата

Кандидатот за претседател од ЗНАМ, Максим Димитриевски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека брзо ги собрал потписите, а најголем дел биле од жителите на Куманово. Тој се заблагодари на сите кои се потпишале за неговата претседателска кандидатура. 

Вели дека направиле истражувања, во игра биле неколку кандидати. 

„Последната најрелевантна анкета ќе биде на денот на изборите. Првично си го држиме зборот“, рече Димитриевски. 

Вели дека Македонија мора да се интегрира, но и да не се подгази, а народот да не биде застрашуван и уценуван. 

„Македонија има капацитет да биде самоодржлива држава, да изгради професионална администрација. Најголемата грешка на таа Шарена револуција, не мислам на граѓаните, туку тие што ја добија можноста да практикуваат власт, ја убија надежта“, вели Димитриевски. 

Рече дека најразочараните треба да излезат да гласаат, како и оние што не гласаат. Вети дека ќе води скромна кампања. 

„Едноставно без ЗНАМ, Влада ќе нема во државата“, рече тој. 

Тврди дека ќе мора да се дефинира националната платформа, но и да се гради мултиетничко, а не биетничко општество. Вели дека тој не ни може да биде албанофоб, затоа што растел во мултиетничка средина со Срби, Албанци, Турци. 

Слично

Поврзани вести