Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски e против приватна општина и приватна држава, повика кумановци масовно да излезат на 17-ти

Димитриевски e против приватна општина и приватна држава, повика кумановци масовно да излезат на 17-ти

Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ не должи никому, должи на вас граѓаните, порача кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски. 

Вели дека граѓаните кои присуствувале на Конвенцијата се слободоумни граѓани на Куманово кои го имаат генот на Христијан Тодоровски Карпош, на Бајрам Шабани и на многу други наши револуционери.

„Не се водиме врз база на политичкото убедување на поединци коишто го узурпираа политичкиот и јавниот простор во државата и сакаат да создадат концепт на приватна општина и приватна држава. Куманово има капацитет, се развивало и ќе продолжи дополнително да се развива, расте и да се трансформира во еден модерен и европски град. Одговорно, чесно, посветено и смело продолжуваме напред! “, рече Димитриевски. 

Ги повика кумановци масовно да излезат на  17-ти октомври и да ја дадат поддршката за овој концепт. 

Слично

Поврзани вести