ДИМИТРИЕВСКИ ДО ГРУБИ: Дали е точно дека е одржана средба меѓу раководството на СДСМ и ДУИ на која е одлучено да се побара помош од Будимпешта?
По реакцијата на вицепремиерот Артан Груби, на критиката на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска со нов пост се јави градоначалникот.
Тој посочи дека не му реплицирал на Груби веднаш пред се поради големиот државен празник, но сепак, денес реши да даде коментар, но и постави неколку прашања до Груби.
- Изненадувачка е паничната реакција на г-динот Груби изминатите два дена. Вокалубарот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица. И тоа не ме чуди.
Колку ме служи меморијата г-динот Груби заплива во политичките води како резултат на насилие меѓу две навивачки групи. Кариерата ја започна како организатор на рушење на започнатата музеј црква на Кале. Продолжи заедно со своите компањони со демолирањето на салата на новиот театар во Скопје, а денес е познат како човек кој го води најсомнително коруптивниот проект во државата и за надзор на круцијален капитален проект кој вреди неколку милијарди долари, избрана е фирма која е производител или тргува со долен веш. Патем, му ја палат приватната кола во која се вози, а не е на негово име?!
Јас никаде во моите прашања до г-динот Груби не споменав ниту лице, ниту тема на разговори!?
Јас сум му благодарен за тоа. Тој должи одговор на јавноста не на мене?
