Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Денешниот ден е потврда за аманетот кој ни е оставен од родителите, баби и дедовци

Димитриевски: Денешниот ден е потврда за аманетот кој ни е оставен од родителите, баби и дедовци

По повод денешниот меѓународниот ден на мајчиниот јазик со цитат од Блаже Конески се огласи градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. 

- Нашиот почитуван македонски великан Блаже Конески велеше дека јазикот е единствената наша татковина. И додека го чуваме, негуваме и вардиме, го гледаме јазикот наш македонски, може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште. 

Никогаш посилна порака! Денешниот ден е потврда за аманетот кој ни е оставен од родителите, баби и дедовци - да си ја сакаме и унапредуваме државата, да се грижиме за нашата македонска историја, да ги почитуваме различностите и да им овозможиме подобар живот на нашите деца и млади. 

Нека ни е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик! - напиша Димитриевски на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести