Димитриевски бил сопатник во возило кое е сопственост на лизинг компанија
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски објасни дека бил сопатник во возилото кое го стопирала полицијата.
Вели дека возилото е сопственост на лизинг компанија и истото е добиено на користење, уредно со договор со сите документации.
„Во самото возило јасно се гледа сообраќајната дозвола дека возилото поминало на тест и може да има таков тип на фолија. Инаку, возилото коешто не следеше исто така имаше такви фолии кои не се гледаше кој управува со возилото и го видовме преку шофершајбната. Моето возило не е службено, тоа е возило на лизинг компанија, со коешто имаме договор на користење и го користиме со полномошно. Ние државни ресурси не употребуваме во изборниот процес. И како сум влезен во кандидатура за градоначалник, во ниту еден момент не користам службено возило, туку користам и рентам приватно возило кое согласно закон има право да има затемнети стакла. Но, суштината тука не се работи за затемнети стакла. Стаклата не се прекршок со којшто компезно градоначалникот се затвора во кола без никакво образложение како најголем криминалец“, рече Димитриевски.
Димитриевски тргнал да оди на матичен лекар. Тој ги демантираше натписите на одредени електронски портали и медиуми дека има управувано со моторно возило и наводно истото не било регистрирано. Рече дека полицајците се однесувале крајно непрофесионално.
Димитриевски вели дека трета недела луѓето од неговиот тим се соочуваат со притисоци.