Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Акцискиот план коj го предложи Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ

Димитриевски: Акцискиот план коj го предложи Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше за предлогот кој го даде екс премиерот Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши спорот со Бугарија. 

Според Димитриевски, тој е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. 

„Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ. Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог кој е против уставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок. Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот"“, пишува Димитриевски. 


Георгиевски изнесе план во повеќе точки со кој според него ќе се спречи да се создаде омраза меѓу македонскиот и бугарскиот народ. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести