Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски жали што некои поединци неговата независна кандидатура ја доживуваат како предавство

Димитриевски  жали што некои поединци неговата независна кандидатура ја доживуваат како предавство

Aктуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски потенцираше дека искрено жали што некои поединци неговата независна кандидатура ја доживуваат како предавство. 

Вели дека за него приоритет е Куманово и граѓаните.  Изјави дека не станува збор за негови лични амбиции туку се работи за еден континуитет на едно можеби поразлично размислување од група на луѓе кои во моментов имплементираат власт.

„Партијата ја раководат органи и тела, и во рамки на органите и телата на партијата треба да се размислува многу пошироко, а принципиелно да се држиме до принципите кои претходно ги дефинираме”, вели Димитриевски.

За тоа дали очекува да биде исклучен од партијата, Димитриевски одговори дека не очекува ниту пак размислува за тоа затоа што партијата има свој статут и органи и треба да одлучи. Димитриевски рече дека по убедување е социјалдемократ од 1995 година, со социјалдемократска мисла и идеја во вистинска смисла на зборот. 

Димитриевски истакна дека во моментот советничката листа е во фаза на изработка, но носител на таа листа ќе биде жена која треба да го даде својот придонес во иднина.

Кажа дека општината беше затекната со долгови, а дополнително беа решени финансиските проблеми и реализирани се голем број на проекти.

Од СДСМ велат дека потегот на Димитриевски го олеснува изборот на граѓаните. Според нив, тој што им врти грб на граѓаните, на поддржувачите на демократската и прогресивната опција, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци. 

Слично

Поврзани вести