Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРИЕВСКИ ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

ДИМИТРИЕВСКИ  ЈА ИСКОМЕНТИРА КАВГАТА МЕЃУ МИЛОШОСКИ И ФИЛКОВ: Дали коалицијата е стабилна?

Коалицијата е стабилна, изјавите на Милошоски и Филков се лични ставови, вели претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. 

Деновиве остри зборови си разменија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков. Како што вели Димитриевски, овие коментари не ја загрозуваат владината коалиција, која останува стабилна.

„Можеби и во иднина ќе слушаме вакви изјави, но важно е дека Владата и парламентарното мнозинство функционираат без проблеми“, изјави Димитриевски во гостувањето на ТВ Сител.

Милошоски го критикуваше Филков дека тој има слаб капацитет за справување со реформите во правосудството. Филков кажа дека Милошоски беше вклучен и во донесувањето на штетните измени во Кривичниот законик во 2023 година. Mу рече дека така се спаси од кривично гонење. 

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве исто кажа дека коалицијата е стабилна.

Слично

Поврзани вести