Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев: Општеството во грч, на граѓаните им е преку глава од кризата

Димитриев: Општеството во грч, на граѓаните им е преку глава од кризата

Премиерот Емил Димитриев вечерва се обрати во Македонската опера и балет,  по повод утрешниот празник, 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. 

Тој вели дека на граѓаните им е преку глава од политичката криза, и дека од нив зависи кој ќе биде резултатот од изборите на 11 декември. Димитриев кажа дека Јавното обвинителство и СЈО дека треба да работат во интерес на граѓаните, а не под политичка агенда.

„Целото општество е во своевиден грч . Предолго време сите ние сме заложници на наметната криза која сите нас не дефокусира од решавање на главните проблеми со кои се соочува нашиот народ. Болно е и тоа што оваа криза има рефлексија на секојдневието на граѓаните, стопанствениците се обесхрабрени да преземат покрупни и посериозни нови инвестициски циклуси, администрацијата која има улога на сервис на граѓаните дејствува со помалку интензивно темпо, економскиот раст со кој сите ние се гордеевме како држава е забавен, пропуштени се шанси за поголеми инвестиции“ - рече тој. 

Димитриев вели дека Владата ќе вложи напори за да обезбеди фер и демократски избори и во текот на овој период до изборите и на самиот ден на изборите. 

Слично

Поврзани вести