Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриев го пофали Трајковски, го заборави Иванов

Димитриев го пофали Трајковски, го заборави Иванов

Емил Димитриев, премиерот на техничката влада на Македонија, во контекст на прашањето какви и се шансите на Гордана Силјановска Давкова за победа на претседателските избори рече дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ дала одличен шеф на државата во Борис Трајковски, при тоа не спомнувајќи ништо за актуелниот - Ѓорѓе Иванов, кому му истекува вториот мандат на 12 мај.

- Интересна е дилемата, како гласачкото тело кое е позиционирано центар-десно од идеолошки аспект и секогаш е побројно од левицата, не испрофилира не едно туку повеќе квалитетни решенија за претседател на државата. Нешто што само ми ја потврдува лошата состојба во опозицијата, која во последните две-три години изобилува со неосновани меѓусебни пресметки и дисквалификации. Да не заборавиме, ВМРО-ДПМНЕ во минатото ѝ даде на Македонија одличен претседател, член на партијата, но со висока државничка свест – зборувам за покојниот Борис Трајковски, рече Димитриев во интервју за „Независен“.

ДОдаде дека во преговорите со Грција во спорот за името грешки правеле и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, наместо да постигнат една широка платформа.

- Улогата што ја играше СДСМ, по секоја цена да се постигне договор и по цена на националните интереси, беше јасен сигнал за другата страна во преговорите. Позицијата, пак, на ВМРО-ДПМНЕ на проблемот да гледа како на нешто туѓо, а со тоа го остави СДСМ да прави што сака, доведе до ситуација да добиеме лоша варијанта на договор. За мене особено беше проблематичен принципот „име за севкупна употреба“, нешто што има негативен импакт на нашиот идентитет. Тоа беше причината да не ги поддржам уставните измени, ризикувајќи да бидам разбран погрешно, иако претходно во мојата кариера, како заменик министер за одбрана, како пратеник и претседател на Влада, се имам вложено во напорите за наше НАТО-интегрирање. Ако процесот се менаџираше со домашна заедничка стратегија, убеден сум дека освен што ќе имавме подобар договор, неговото вградување во политичкиот систем ќе беше достоинствено, а ќе имавме и негова полесна имплементација, додаде Димитриев.


Слично

Поврзани вести