Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриеска-Кочоска: Досега помош од 11,2 милиони денари за настраданите и повредените од Кочани

Димитриеска-Кочоска: Досега помош од 11,2 милиони денари за настраданите и повредените од Кочани

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната сесија на пратенички прашања во Собранието рече дека досега се потрошени 11,1 милиони денари како помош од владата за семејствата на настраданите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани.

Овие пари, рече министерката, се дел од одобрените 30 милиони денари помош од страна на Владата за трагедијата во градот.

- Досега се потрошени 11,2 милиони денари за патни трошоци и сместување во странство и оваа постапка продолжува и понатаму.Преку Црвениот крст се собрани над 100 милиони денари во координација со Владата и тоа беше во моментот единствениот најбрз начин да се излезе во пресрет на настраданите и повреднеите. Затоа имаше две постапки паралелно. Тука има и трошоици кои се за лекување, но преку Фондот за здравство, рече Димитриеска-Кочоска.

На ова пратеникот Оливер Спасовски возврати дека е делумно задоволен од одговорот и ја потсети министерката дека граѓаните се тие кои плаќаат за помошта на Црвениот крст и Фондот за здравство, а не владата.


Слично

Поврзани вести