Димитров: Не се сретнав со Дендиас, но ќе имаме прилика за тоа
Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонија, го заврши своето учество на конференцијата „Економист“ во Атина во својата прва посета по промената на власта во Грција, но не се сретна со новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас.
Новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Денедиас, кој беше назначен на оваа позиција од премиерот Киријакос Мицотакис по победата на Нова Демократија на вонредните парламентарни избори, е во официјална посета на САД во Вашингтон.
– Ние кога се слушнавме му спомнав дека сум поканет на конференцијата и дека ќе дојдам и заедно констатиравме дека ќе биде убаво и да се видиме. Тој беше дали еден час во канцеларијата, не си го знаеше распоредот, меѓутоа сега е на средби во Вашингтон и не е во земјата. Но, убеден сум дека ќе имаме набрзо нови прилики, можеби веќе на 29 август на „Гимних" состанокот во Финска. Така што, сега не можам да претскажам со каква динамика ќе одат контактите и средбите, но како соседи мислам дека ќе има прилики и ќе има потреба од контакти, средби и посети, рече Димиторв.
