Димитар Ковачевски се поклони пред гробот на Киро Глигоров
Премиерот Димитар Ковачевски денеска предводеше владина делегација која положи свежо цвеќе и оддаде почит кон првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров.
„Мудроста на претседателот Глигоров е нашиот патоказ и денес, и секогаш, и вечна ќе биде нашата благодарност кон него, како што е вечен споменот за него.
Претседателот Глигоров во сите негови чекори визионерски го избираше патот напред кон стабилна иднина и ја виде државата како заеднички дом за сите. Верувам дека денес би бил горд затоа што Република Северна Македонија успешно ја развиваме во тој правец“, искоментира премиерот.
Денеска се одбележува 11-годишнината од смртта на првиот македонски претседател
Слично
