Димитар Ковачевски пронајде Македонец вработен на американски носач на авиони
Премиерот Димитар Ковачевски објави фотографии од американскиот воен брод „Хари Труман“ кој има капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери, има носивост од 100,000 тони ѝ е дел од генерацијата на најголемите бродови-носачи на Соединетите Американски Држави.

„Вчера за време на посетата на носачот на авиони „Хари С. Труман“ го запознав Стефан, Македонец од Битола кој повеќе од три години е дел од американската Армија. Убав беше моментот кога прозборе на македонски јазик и кажа дека му е чест што има македонско потекло“, напиша Ковачевски.

Премиерот на „Хари труман“ е заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз.

Носачот на авиони е дел од НАТО флотата на Медитеранот.

Слично
