Димитар Ковачевски му се придружи на Заев во Тирана
Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и иден мандатар, објави дека е заедно со премиерот Зоран Заев на средбата на „Отворен Балкан“ во Тирана. Објавена е и заедничка фотографија од состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.
„Чест ми што вечерва за првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан“. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот. Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес“, соопшти ковачевски.
И Заев потврди дека Ковачевски присуствувал на работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со Претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама.
„Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи. Драго ми е што со нас се и заменик-министрите Ковачевски и Димковски, како и голем број стопанственици од Северна Македонија.
Од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции.
Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка“, наведе Заев.
Слично
