Димитар Ковачевски има амбиција 12 години да биде премиер
Според премиерот Димитар Ковачевски, несериозно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ да има избори во време кога се соочуваме со енергетска криза и пандемија.
Ковачевски има амбиции 12 години да биде претседател на Владата. Вели дека планира да остане до крајот на овој мандат, а потоа да победи на двата наредни изборни циклуси.
„Откако ќе завршам со политиката еден ден, веројатно ќе имам нов предизвик, после 12 години или не знам колку ќе биде. Апсолутно сметам толку да бидам премиер. Човек треба да биде амбициозен кога многу работи“, рече Ковачевски во гостувањето на емисијата „Само интервју“.
Средбата со бугарскиот колега, Кирил Петков ја оцени како успешна.ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ.
Слично
