Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитар Атанасовски: Не за македонскиот јазик да биде некаков дијалект

Димитар Атанасовски: Не за македонскиот јазик да биде некаков дијалект

Не за македонскиот јазик да биде некаков дијалект, не за разнебитување на Македонија, изјави пред Собранието, водителот Димитар Атанасовски. 

Тој повика на обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората, но и сите други националности во земјава. Вели дека ова не смееме да го дозволиме. Повика секој ден во 19 часот народот се помасовно да излегува на протести. Оние од внатрешноста ги повика да се собираат во своите градови. 

„Секој ден во 19 часот, до смрт за Македонија“, вели Атанасовски. 

На протестот беше кажано дека Македонија не е провинција, Македонија е самостојна земја. 

„Ни го земаа знамето, ни го земаа името, а сега сакаат и душата да ни ја земат“, беше кажано на протестот. 

Веќе осум дена има протести во Скопје. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести