Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитар Апасиев потврди дека парите на Левица се „заробени“ во Еуростандард банка: До година ќе добиеме повеќе

Димитар Апасиев потврди дека парите на Левица се „заробени“ во Еуростандард банка: До година ќе добиеме повеќе

Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, на Фејсбук објави дека неговата партија има „заробен“ депозит во Еуростандард откако и беше одземена лиценцата за работа на банката.

Ваквата реакција на новопечениот пратеник во македонското Собрание следува откако Павле Богоевски, еден од поранешните водачи на „Шарената револуција“ наведе дека „Левица“ има депозит поголем од 30.000 евра „замрзнат“ во Еуростандард. Според поранешниот пратеник, поголемиот дел од заштедата на „Левица“ се пари добиени од државата за предизборна кампања.

Апасиев најави дека Левица ќе води правна битка за поврат на заробените средства и дека следната година партијата ќе добие повеќе пари од државата поради подобриот резултат на парламентарните избори на 15 јули.

„Не паѓајте во духот! Парите се битни, но не се најбитни. Лавината наречена Левица веќе е невозможно да биде запрена. Семето на Отпорот е посеано на плодна почва и на здрава основа. Раководството е консолидирано и има план за АКЦИЈА.

Веќе во март-април следната година, врз основа на одличниот изборен резултат, ќе добиеме рекордна сума која ни следува од државното финансирање. А дотогаш? Дотогаш ќе водиме правна битка за поврат на заробените средства и легислативна битка за радикална РЕФОРМА на лихво-банкарскиот сектор. И ќе издржиме! Солидарно, здружно и машко-женски“, напиша Апасиев во дел од својот статус.

Според прописите, само 30.000 евра од еден депозит се осигурени и нив треба да ги исплати Фондот за осигурување на депозити, додека преостанатиот дел од која било заштеда е незагарантиран, односно се исплаќа откако ќе заврши стечајниот процес.


Слично

Поврзани вести