Економија, финансии, бизнис

Контакт

Диме Ратајкоски си поднел оставка во МТВ?

Диме Ратајкоски си поднел оставка во МТВ?

Диме Ратајкоски  повеќе не е одговорен  уредник на прв програмски сервис на МТВ, неофицијално дознава Фактор. 

Оваа информација ја потврдуваат и дел од вработените во јавниот сервис, а дел тврдат дека само слушаат муабети и немаат официјална информација. 

Од раководството на МТВ кажаа дека директорите денеска имаат повеќе состаноци надвор и не се во можност да дадат официјална информација. 

СДСМ го обвинуваше Ратајкоски за пропаганда и криминал со власта на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие прашуваа дали Ратајкоски противзаконски изнесува и дава на користење архивски материјали на МТВ и дозволува користење ресурси на МТВ за приватни продукции. 

Тој денеска не се јавуваше на мобилен телефон. 

Неговото име и презиме уште стои на веб страницата на МТВ. 

Слично

Поврзани вести