Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димче Мешковски со телеграма од Америка се прости од Мара Попара, сестра ѝ се расплака на комеморацијата

Димче Мешковски со телеграма од Америка се прости од Мара Попара, сестра ѝ се расплака на комеморацијата

На многу колеги и пријатели на познатата актерка Катерина Крстева, во народот позната како Мара Попара, не им беше лесно да се простат од неа на комеморацијата која се одржа во нејзина чест, во Македонскиот народен театар. Крстева почина на 9 јануари во Скопје на 85 годишна возраст. 

-Позната како Мара Попара, според улогата во филмот „Кафулето кај Гене“, со деценции успешно ја засмејуваше публиката со својата луцидна и брза мисла, со својот ведар дух и лик, со својата благородна личност“, рече актерот Борче Начев во своето обраќање. 

За својата драга пријателка и колешка, телеграма од Америка каде што долги години живее испрати актерот Димче Мешковски. 

-Нашата драга актерка и колешка Кате, беше исклучителна личност, која со својот дух, шарм, хумор и моќта за трансформација, остави вечен белег во македонското актерство. Реализирајќи голем број хумористични улоги, како и сатрирата на Карадак во „Хихирику“, таа стана симбол за народниот хумор не само кај нас, туку и во нашата дијаспора во Европа, во Австралија и Канада. Почивај во мир драга моја Кате“, напиша Димче Мешковски.  Целиот текст прочитајте го на Женски магазин.


Слично

Поврзани вести