Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димче Арсовски: Немам поврзаност со Дигитал оне, само презимето е исто

Димче Арсовски: Немам поврзаност со Дигитал оне, само презимето е исто

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ шират невистини за него. 

„Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето.

За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство. За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека се уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма“, реагира Арсовски. 


Од СДСМ тврдат дека документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година.

Велат дека ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта.

фото Фејсбук/Димче Арсовски

Слично

Поврзани вести