Димче Арсовски до МЗ: Ако не е точно тоа што го кажа Брнабиќ, извинување барајте од неа, а не од нас
Откако Министерството за здравство најостро ги демантираше наводите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија се врши илегална вакцинација, оттаму порачаа да ја демантираат српската премиерка, а не партијата.
„Гледам од Министерството за здравство бараат извинување од мене и од колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада. Таа изјави: ‚Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација'. Јас немам намера да се извинам, се вели во реакцијата на Димче Арсовски“, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Го прашувам министерот Венко Филипче дали тој во име на Министерството за здравство побарал извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ? Ако од неа не побарале извинување за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина. Еве нека одговорат од Министерството за здравство и Венко Филипче“, се вели во реакцијата на Арсовски.
Слично
