Дилер на марихуана од Албанија фатен во Гостивар
Гостиварската полиција уапси дилер од Албанија кој бил фатен со речиси 4 килограми на марихуана. Осомничениот бил затекнат пред два дена како продава марихуана во населбата Млаки, во Гостивар. При обидот на полицијата да го претресе осомничениот, тој избегал, но по половина час бил фатен.
Станува збор за дваесет и осумгодишен албански државјанин со место на живеење во Добри Дол. Обвинителството поведе постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и изречена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.
Слично
