Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дилер на дрога од Велешта екстрадиран во Бразил

Дилер на дрога од Велешта екстрадиран во Бразил

39-годишен стружанец е уапсен по налог за претрес за трговија со дрога на македонско-албанската граница и екстрадиран е во Бразил по меѓународно барање. Апсењето на Ф. В., жител на струшкото село Велеште во Северна Македонија, е направено со цел да биде испорачан во Бразил, објаво албанскиот „Топ Чанел“.

Шестиот федерален кривичен суд во Рио Де Жанеиро, на 27.11.2019 година, издал налог за апсење за кривичното дело „Трговија со наркотици“.

„Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации помеѓу ОАГ Интерпол Тирана, на влезот на Република Албанија, овозможија апсење за екстрадиција во Бразил на државјанинот Ф.В., 39 години , жител на село Велешта, Струшко, Северна Македонија. 

Шестиот федерален кривичен суд во Рио Де Жанеиро, на 27.11.2019 година, издаде налог за апсење на овој граѓанин, за кривично дело „Трговија со наркотици“. Процедуралните активности беа спроведени од специјалисти за истрага во полициската станица Поградец. Интерпол Тирана ги следи процедурите за екстрадиција на овој граѓанин во Бразил“, гласи информацијата.


Слично

Поврзани вести