ДИЛАЛ МАРИХУАНА: Притворен скопски полицаец-ќе добие и суспензија од работа
30 дена притвор за полицаец од Скопје, а најверојатно и суспензија од работното место до завршување на постапката.
При претрес во дом на 40 годишниот Ј.Ј. според официјални инфомрации од полицијата се најдени 125 грама марихуана, како и семки од канабис а по извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Скопјанецот констатирано било присуство на метаболит на хероин во организмот.
Надлежните против полицаецот поднесоа кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Слично
