Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК започна со разнесување на терминалите за гласање со отпечаток од прст

ДИК започна со разнесување на терминалите за гласање со отпечаток од прст

Фото: ТВ21

Терминалите што ќе служат за идентификување на гласачите со отпечатоци од прст, веќе се испраќаат до избирачките места, пренесува ТВ21.

Претходно, избирачките места беа дезинфицирани и тоа ќе се направи и по завршувањето на изборниот процес, со цел да се заштитат учениците кои во понеделник присуствуваат на редовниот наставен процес.

Изборната кампања ќе се одвива уште денес, додека изборниот молк започнува на полноќ.

Ова е првпат биометриски да се гласа во Македонија, а системот е набавен за 11 милиони евра од страна на Државната изборна комисија


Слично

Поврзани вести