Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК со детали за излезноста до 10 часот: Каде има најголем одзив?

ДИК со детали за излезноста до 10 часот: Каде има најголем одзив?

Македонија гласа за петтиот шеф на државата. Тече првиот изборен круг а до 10 часот најголема излезност е регистрирана во Прилеп.

Прилепчани со најголем одзив утринава , 11 отсто.

Вкупната излезеност на гласачките места е 6,05%.

Портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска кажа дека на гласачките места веќе три и пол часа гласањето тече без некои неправилности.

Боговиње и Липково се местата каде се бележи најмала излезеност која изнесува помалку од еден процент.

Во Свети Николе излезноста е 11,48, Пехчево 10,22 проценти, Новаци 10,63, Демир Хисар, 10,12, Македонски Брод 10,11 проценти.

Слично

Поврзани вести