ДИК се предомисли за еден ден со гласачките ливчиња
Државната изборна комисија по само еден ден ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња што предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор во пресрет на вториот круг од локалните избори.
По денешната седница, во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат. Вчерашната одлука инаку предизвика негативни реакции во јавноста дека со таквиот акт ќе се наруши легитимитетот на изборите.
Претходното објаснување на ДИК беше дека Уставниот суд претходно пресудил прогласување на ливчиња без печат за важечки, поради што на едно избирачко место во Шуто Оризари ќе има прегласување.
