Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК решава под жесток притисок од насобраната провладина толпа, приговорите се одбиваат

ДИК решава под жесток притисок од насобраната провладина толпа, приговорите се одбиваат

Работата на членовите на државната изборна комисија ќе биде целосно проследена со протест на симпатизери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кои скандираат „Лопови, лопови“, свиркааат и одвреме навреме ќе запејат по некоја патриотска песна. 

Членовите на ДИК на повеќе наврати посочија дека ова е директен притисок врз нивната работа додека одлучуваат за поднесените приговори од БЕСА и СДСМ. Засега прифатен е само еден приговор на албанската опозициска партија, додека пак првите два приговора на СДСМ се одбиение, а само е донесена одлука да се вештачи потпис на жена од Гостивар која тврди дека друг гласал наместо неа, а не дека се обидела да гласа два пати. 

Притисок стигна и од официјалното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров посочи дека одлуката да се ангажира графолог е скандалозна и предпреди да се носат законски одлуки. 

Насобраните тврдат дека таму се да ја одбранат државата и изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ без оглед што станува збор за законска можност за поднесување на приговори во редовна процедури, а како што може и сами да процените сите од нив или повеќето ќе бидат одбиени и нема ништо суштински да се смени во конечниот резултат, ниту пак на дел се реализира некаков фантомски заговор кој упорно се форсира на провладините медиуми изминатиот период и сега уште пожестокот продолжува.


Слично

Поврзани вести