ДИК прогласи тројца нови пратеници во Собранието
Државната изборна комисија ги прогласи Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов за нови пратеници во Собранието.
По формалната собраниска процедура тие седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.
Како што посочи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.
Инаку според листата, пред Стојановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Игор Никовски, но претходно тој ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.
ДИК на новоизбраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.
