Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК повторно се прогласи за ненадлежна, овој пат на барање на Чулев

ДИК повторно се прогласи за ненадлежна, овој пат на барање на Чулев

Државната изборна комисија повторно се прогласи за ненадлежна на барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев за толкување на членот 46 од Законот за Влада и неговите надлежности. 

Членовите на ДИК се декларираат како неовластени да даваат мислења и оценки за законитоста на законите и наведоа дека тоа може да го даде само собраниската Законодавно – правна комисија.

Чулев вчера поднесе барање до ДИК во врска за издавањето наредби во врска со одржувањето јавен ред и мир иоткривање и процесуирање кривични дела од организираниот криминал. 

Ставот на техничкиот министер е дека врзаните потписи со заменикот ја забавуваат ефикасноста на полицијата во однос на секојдневните активности, но денеска ДИК се прогласи за ненадлежна по ова барање.

Претходно ДИК се прогласи за ненадлежна и за Ристо Ставревски кој остана прв човек на СВР Скопје како решение на Чулев. Мислењето на заменичката во МВР, Славјанка Петровска, беше дека началникот на скопската полиција нема кредибилитет бидејќи неговото име го имало во „бомбите“, по што Чулев побара изјаснување од комисијата.

Слично

Поврзани вести