ДИК: Ова се роковите врзани за локалните избори
ДИK денеска информираше дека согласно со Роковникот за извршување изборни дејствија, крајниот рок за поднесување листи на кандидати за претстојните локалните избори е 14 септември.
Од оваа институција се обратиле и до сите општини да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и реализирање на изборите.
До 11 август општините имаат рок јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 истиот месец општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати. Во рамки на истиот рок и медиумите треба да ги достават ценовниците за реклами до надлежните институции.
