Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК одби над 300 приговори од граѓани

ДИК одби над 300 приговори од граѓани

Граѓаните до Државната изборна комисија доставиле 335 приговори и сите се одбиени. 

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска вели дека тие поднеле приговор, затоа што ги немало на избирачкиот список.

„Приговорите на овие граѓани се одбиени, бидејќи се наоѓаат во спорните записи, а не поднеле пријава за запишување во избирачкиот список. И покрај апелот на ДИК и роковите до август, а потоа и во ноември, тие не поднеле пријава во ДИК за да бидат запишани во избирачкиот список“– рече Гугучевска.

Вели дека биле известени на домашна адреса и со медиумска кампања. 




Слично

Поврзани вести