Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК очекува полицијата да го расчисти хакерскиот напад

ДИК очекува полицијата да го расчисти хакерскиот напад

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски вечерва на прес - конференција изјави дека се случи хакерски напад на сајтот на ДИК, за што го известиле МВР за сајбер криминал.

Тој се надева дека брзо ќе се дознае за што се работи. 

„Нападнат беше сајтот,  тоа беше надворешен напад“, рече Дерковски. 

Тој ги демантираше лажните вести кои се појавија. 

„Се обидовме да го забрзаме резултатите со софтеверски систем, но бевме цел на хакерски напад и не можевме да ги презентираме. Ве уверувам дека апликацијата функционираше. Со ова сакам да се извинам за можеби малото доцнење, бидејќи мора да се обработат сите записници број 16 од секое избирачко место“, изјави Дерковски. 

ДИК соопшти податоци за освоено мандати на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера. 

Слично

Поврзани вести