Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК не очекува овој пат да падне сајтот

ДИК не очекува овој пат да падне сајтот

Државната изборна комисија овој пат не очекува да падне линкот кој ја покажува графиката со резултатите од гласањето на локалните избори чиј прв круг се одржува утре, како што беше случајот со парламентарните минатата година, кога на контроверзен начин веб-страната остана недостапна по надворешен хакерски напад.

Од ДИк на денешната прес-конференција рекоа дека традиционално имаат имаат добра соработка со операторот кој овој пат че ја прикажува излезноста и резултатите од гласањето.

- Со оглед на тоа која заштита че ја имаме, сметам дека нема да има никакви проблеми, Направивме и ИТ-стратегија. Имаме и таск-форс група, сите помагаат на раководителот на ИТ секторот. Драстично е променета состојбата на тој план, одговори претседателот на комисијата Александар Даштевски на новинарско прашање.

Тој сепак очекува овој процес на гласање да биде потежок од претходните, бидејќи овој пат ќе има и проверка на отпечатоците на прст преку скенирање.

Слично

Поврзани вести