Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК НА ПОТЕГ: Остана уште еден приговор на СДСМ-каков ќе биде исходот?

ДИК НА ПОТЕГ: Остана уште еден приговор на СДСМ-каков ќе биде исходот?

ДИК одлучи вчера вечерта за последниот приговор на СДСМ да расправа денес на седница која ќе почне во 11 часот.

Претседателот Александар Чичаковски рече дека седницата за приговорот на опозицијата се одлага како би биле подготвени одлуките кои се донесени во текот на дводневна седница, така да можат да им бидат доставени на партиите кои поднесоа приговори, СДСМ и БЕСА.

Пред да биде прекината седницата, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа насобрани пред зградата , фрлаа петарди кон прозорците во кои заседаваше комисијата.

Во текот на вчерашниот дел на седницата ДИК го усвои приговорот на БЕСА за прегласување на едно избирачко место во Гостивар во ИЕ шест, така да се поништат изборите на тоа место и да биде повторено ако понштувањето на гласовите доведе до промени во таа единца.

Во текот на дводневното заседание на ДИК беа отфрлени останатите седум приговори на Беса и пет приговори на СДСМ , додека од партијата на Заев повлекоа два, од осум приговори , колку што поднесоа.

Пред ДИК, како што пишувавме повторно беше насобрана топпа која повремено вреѓаше и ги колнеше, како што рекоа, противниците од опозицијата

Седницата на ДИК за приговорите на партиите вчера почна околу 14 30 часот, а според законските рокови, требаше да биде завршена до завчера на полноќ. Членовите и симпатизаери на владеачката партија во текот на ноќта се разотидоа кога седницата беше прекината.

Слично

Поврзани вести