ДИК КОНЕЧНО ЈА ПРЕБРОЈА ИЗЛЕЗНОСТА ВО ПРВИОТ КРУГ - гласале само 51,44 отсто од запишаните избирачи, или над 141 илјади граѓани помалку од 2017
Државната изборна комисија конечно ја преброја излезноста на првиот круг од локалните избори 2021 година, што се одржаа во неделата.
Се до вчера конечни резултати од излезноста се уште немаше, а и денеска тие не можат да се сметаат за сосема финални, бидејќи се пребројани 99,99 отсто од запишаните избирачи, односно 1.824.815 гласачи, наспроти вкупниот број од 1.824.864 избирачи, што значи дека не се опфатени само уште 49 гласа или 0,01 отсто од избирачите.
Сега обработените податоци кои веќе можат да се сметаат за финални, гворат дека излезноста на првиот круг од овие локални избори била 51,44 отсто, што значи дека на гласање излегле едвај нешто повеќе од половината запишани избирачи.
Односно, на првиот круг од овие избори гласале 938.631 гласач.
За споредба, пак, на првиот круг од локалните избори кои се одржаа пред четири годфини, односно во 2017 година, излезноста во првиот круг била 59,51 отсто или гласале 1.079.876 избирачи.
Ова значи дека во првиот круг на овие избори излегле помалку 8,07 проценти поени во споредба со 2017 година.
Односно, во првиот круг на овие избори излегле помалку 141.245 гласачи, што значи дека партиите, но и независните кандидати, успеале толку помалку кандидати да мотивираат да го заокружат нивното име на гласачките ливчиња.
Н.Н.Ф.
