Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК ќе го стави избирачкиот список на јавен увид, шанса и „спорните“ да се пријават

ДИК ќе го стави избирачкиот список на јавен увид, шанса и „спорните“ да се пријават

Државната изборна комисија од утре ја започнува фазата во која избирачкиот список ќе биде ставен на јавен увид се до 16 ноември, период во кој ќе може секој граѓанин да провери дали е впишан, дали се точни податоците, како и сите избирачи кои беа обележани како спорни ќе може да потврдат дека имаат право на глас. 

Околу 30.000 записи беа спорни бидејќи во вкрстените проверки на повеќе институции не беа пронајдени поклопувања на податоците, односно добар дел од нив не оствариле никакво правно дејство. 

ДИК продолжува и со спроведување на изборните дејствија кои ќе опфаќат пријава за кандидатури на независни кандидати, а потоа ќе се чекаат и партиските листи за пратеници.


Слично

Поврзани вести