ДИК И ОФИЦИЈАЛНО: Коалицијата „Можеме“ 46 мандати, Коалицијата „Обнова на Македонија“ 44, ДУИ-15 мандати
Државната изборна комисија денеска конечно ги објави официјални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа минатата средна, односно на
15. јули.
Како што соопштија од ДИК на седницата, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освоила 46 пратенички места, а довербата и ја дале 327.408 избирачи, што е 35,89 отсто од гласовите. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“ ја освоила поддршката од 315.344 избирачи, односно 34,57 проценти, со што има 44 места во Парламентот. Демократската унија на Албанците (ДУИ) има 15 мандати. За оваа партија гласале 104.699 грашани, што е 11,48 проценти од гласовите. Коалиција на Алијанса и Алтернатива на Албанците доби поддршка од 80.000 гласачи, со што обезбеди 12 мандати, За партијата Левица гласале 30.426 избирачи и освојува 2 пратенички места, а ДПА има 1 пратеничко место со освоени 13.930 гласови или 1.53 отсто од гласовите.
