Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИК го продолжи изборниот молк

ДИК го продолжи изборниот молк

Фото: Вангел Тануровски

Државната изборна комисија го продолжи изборниот молк, односно тој ќе трае додека се одржува гласањето.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, рече дека истото ќе продолжи се додека не гласаат сите избирачи кои биле затекнати во избирачките места.

На неколку места изборите, поради проблеми со уредите за биометриска идентификација, беа во прекин, односно не започнаа, а истото време ќе се надополни вон рокот до 19.00 часот.

Има и изборни места каде затворањето на избирачките кутии се одложува за повеќе од еден час, а дури потоа ќе започне броењето на гласовите.

На голем број места проблем предизвикаа и протоколите против Ковид-19 кои направија застој, а Даштевски за таму рече дека гласањето ќе се одвива се додека има граѓани.


Слично

Поврзани вести