ДИК ги врачи уверенијата, неизвесно кој ќе ја конструира новата Влада
На свечена седница пред еден час, Државната изборна комисија им ги предаде уверенијата на претставници од партиите кои освоија мандати на изборите одржани на 11 декември.
Неизвесно е се уште кој ќе ја конструира новата Влада, а партиите ќе не држат во неизввесност се до втората половина на јануари.
Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРОДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2. Нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.
Според некои медиуми се очекува Собранието попладнево да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.
