ДИК ги објави општините со најголема и најмала излезност
Државната изборна комисија започна со објавување на излезноста на гласачите претпладнево која драстично се разликува од општина до општина.
Лидер по излезност е Новаци, општината крај Битола, каде што претпладне гласале 25 отсто од вкупно запишаните гласачи. Потоа следуваат Крива Паланка со 20 проценти и Вевчани со 18 проценти.
Најмал одзив пак има во Липково, каде излезноста е само 4,7 проценти, а следуваат Боговиње со 4,9 отсто и Сарај со одзив од 5,3 отсто.
ДИК за излезноста до 9.00 часот немаше резултати, поради тоа што почетокот во голем број гласачи места не можеше да започне поради проблеми со биометриското скенирање.
Слично
