Дијаспората се крена на протести од Торонто до Мелбурн
Македонската дијаспора се крена на мирни протести во градовите каде има најголема концентрација на македонски иселеници. Под непартиската организација „Ние сме Македонија“ иселениците сакаат да испратат порака за сочувување на македонскиот идентитет и уставното име во актуелните тешки преговори со Грција за деценискиот спор кој е главен кочничар во остварување на евро-атлантските аспирации на Македонија.

Голем број на Македонци излегоа на демонстрации во Малме, еден од главните иселенички центри во Шведска. Протести на македонската дијаспора се одржаа и во Сиднеј каде организаторите тврдат дека излегле десетина илјади луѓе бранејќи го името Македонија.

Протести ќе има и на нашинците во Северна Америка, во Торонто и низ повеќе градови од САД, а дијаспората веќе излезе на улиците на Вашингтон.
„Ние сме Македонија“ денес заедно со останатите протести во дијаспората кои треба да се одржат исто така ќе излезе и во Скопје за да ги испрати истите пораки за одбрана на националниот идентитет кој е оспоруван од Грција.
