ДИЈАСПОРАТА САКА ДА СЕ ПРЕБРОИ - осум и пол илјади се самопопишале само во последното деноноќие
Нови 8.429 самопопишани граѓани од дојаспората има во последново деноночие, јави Државниот завод за статистика.
Во последното деноноќие, заклучно со 23 март во 8 часот, вкупната бројка на самопопишани изнесува 130.009, соопштија оттаму.
“Интересот на нашите државјани во странство за искористување на можноста да ги дадат своите податоци во процесот на попишување на дијаспората секојдневно расте. Оваа активност има извонредно значење и за Република Северна Македонија и за целата дијаспора – после многу години и секакви шпекулации со бројките на иселени државјани, конечно да имаме јасна слика каде се и колку се нашите иселеници за да може да се креираат и насочат соодветни политики за нивна поддршка и овозможување на услуги кои им се потребни од својата татковина“, велат од ДЗС.
Од Државниот завод за статистика повторуваат дека самопопишувањето не е обврска – тоа е должност кон татковината и кон сопствените корени.
