Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дигнати цените на имотите по делницата Кичево-Охрид

Дигнати цените на имотите по делницата Кичево-Охрид

Откако градежните активности на автопатската делница Кичево-Охрид продолжија по одложувањето на проектот за утврдување на недостатоците сега сопствениците на имот кој е предмет на експропријација успеваат да добијат многу повисока цена од почетно понудената. Така за метар квадратен наместо 20 државата ќе треба да плати двојно повеќе. 

Далеку пониските цени кои државата им ги понуди за еден метар квадратен од реалната пазарна вредност, натера околу илјада охриѓани и кичевчани правдата да ја бараат на суд. После 4 и пол години, десеттина граѓани веќе имаат добиено судски одлуки во нивна корист.

„Минималната сума се движеше различно. Во Охрид се движеше од 20 евра по метар квадратен. Сега е стигнато околу 2.500-2.600 денари, тоа е 40 евра. Тоа е реалната цена.“ – изјави Владо Чингоски- адвокат

Првично беше ветено дека автопатот ќе биде готов до јануари 2018 година, но рокот ќе биде продолжен откако кинеската компанија Синохидро не успеа на време да го заврши, а беа евидентирани и определени грешки во траекторијата на трасата.

Извор: Алсат М 

Слично

Поврзани вести