ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ И ЗА ОНИЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАА ВО СТРАНСТВО: Македонскиот зелен пасош е усогласен со европскиот
Министерот за
здравство Венко Филипче денеска потврди дека сите гаѓани од Македонија кои се вакцинираа надвор од земјава, дигиталниот сертификат, односно зелениот
ковид пасош ќе може да го добијат тука. Се
што треба да направат, како што истакна Филипче, е да ја симнат апликацијата
која ќе биде готова следната недела и да го скенираат QR-кодот кој се наоѓа во долниот лев агол од
сертификатот за вакцинација. Освен тоа, Филипче нагласи дека македонскиот
дигитален ковид-пасс е усогласен со европскиот.
-Значи, без разлика каде се издадени потврдите за вакцинација, а имаат такви кодови, ќе бидат составен дел од нашата апликација. Се што треба граѓаните да направат е да се скенира QR кодот од сертификатот на вакцинација кој го добиле од кое било место. Тој QR код ќе биде генериран и ќе биде видлив во апликацијата. Во апликцијата ќе бидат видливи и сите други кодови за ПЦР тестирања од следната недела па натаму. За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот „МојТермин“ што треба акредитирните лаборатотии да издадат како свој документ, за да на таа апликација може да има код кој ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест кој ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, објасни министерот.
Иако, како што рече Филипче, засега нема читачи на граничните премини, доколку која било европска земја бара податоци при влез, нашите граѓани ќе бидат спремни.
-Да повторам, од хартиена форма граѓаните ќе имаа ковид сертификат со QR код и од следната недела потврда за ПЦР тест. Ако се скенира кодот од двата документа, тој ќе биде достапен на апликацијата. Граѓаните ќе бидат спремни и со хартиена и со дигитална форма, рече Филипче.
Инаку, Филипче посебно нагласи дека една од апликациите е Common pass, која што е најшироко прифатена и но аеродромиоте и воземјите ЕУ, а нашата апликација е токму таква, односно ги содржи сите критериуми.
А.Б.