Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дибиров: Сакавме да се бориме до крај и го направивме тоа

Дибиров: Сакавме да се бориме до крај и го направивме тоа

Најдоброто лево крило во Лигата на шампионите Тимур Дибиров рече дека уште не верува дека по втор пат со Вардар е на европскиот ракометен трон.

„Не знам што да кажам. Немаме поим како станавме шампиони. Сакавме да се бориме до крај и го направивме тоа. Не можам ниту да замислам дека по втор пат ќе го поминам овој пат со трофејот од ЛШ и ќе имаме ваков пречек“, изјави Дибиров.

Според проценките на спортските новинари, сега во Скопје има двојно или тројно повеќе народ за разлика од 2017 година кога ракометниот клуб Вардар беше исто така шампион во Европа. 

Сега Вардар по втор пат е европски шампион. 

Попат многу граѓани беа излезени за да ги поздрават ракометарите. 


Слично

Поврзани вести