Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дезинфекција на катните гаражи и социјалните згради

Дезинфекција на катните гаражи и социјалните згради

Втора по ред дезинфекција на  4 катни гаражи со кои што стопанисува („Кресненско Востание’’, „Разловечко Востание’’,„Солунски Конгрес’’и „Смилевски Конгрес’), изврши Агенцијата за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Дезинфицирани беа заедничките простории (скалишниот простор и гелендрите, лифтовите, патеките на движење). 

- Ваква акција ќе биде реализирана и  во следните три недели ( еднаш неделно), а во случај на потреба  истата ќе продолжи согласно препораките на Владата.Во меѓувреме, продолжува и дезинфицирањето на социјалните згради ( вкупно 20) лоцирани низ целата територија на државата. По минатонеделниот третман со кој се уништуваат сите бактерии и штетни патогени микроорганизми на површините , стручните тимови ја повторуваат акцијата со која се опфатени лифтовите, влезовите на објектите, заедничките простории, скалишниот простор и гелендрите. Процес на дезинфекција е спроведен и во сите 11 Подружници на АДСДП. Повторувањето на постапката на дезинфекција е во насока на сузбивање и намалување  на можноста на проширување на вирусот КОВИД-19, иформираат од АДСДП.


Слично

Поврзани вести